Што е Спиритуалноста за Вас? Што ве води?
TheSpiritualPathЛуѓето кои го одат Спиритуалниот пат обично се водени од една или повеќе од овие 8 работи:

Цел/Насока – Без разлика дали сте на врвот на материјалното тркало или на дното – кај луѓето постои основно чувство на незадоволство, ограниченост и празнина. Спиритуалноста е потрага по значењето, целта и насоката на животот. Ја исполнува нашата потреба да имаме основа за живот, пат по кој одиме. Тоа е потребата да бидеме ЕДНО со нешто поголемо од нас.

Единство/Љубов/Конекција – Ова зборува за нашиот страв од разделување и некомплетност. Како би се чувствувале комплетни, сонуваме да примаме и пружаме безгранична љубов, што ни носи чувство на припаѓање.

Раст/Развој – Постои вродено чувство во нас да се развиваме, да се подобруваме, да ги поместиме границите, да го достигнеме нашиот целосен потенцијал.  Потикот да се постојано расте и учи, да се живее живот автентичен на нашата вистина, да се развива умот и да се прошити свеста.

Одговори/Вистина – Прашата како “Кој сум јас?”, ”Зашто сум овде?” и ”Што има друго овде?” Сите овие прашања со цел да разбереме како функционира животот и да се разбереме себеси.4b9452df6a4299d24107446f50088536

Среќа/Мир – Страдањето е почетната врата кон спиритуалноста за многу луѓе. Кога нашиот ум зависи од надворешни работи за среќа, неговото искуство со среќата ќе биде нестабилно, несигурно, непостојано – како што се и надворешните причини. И поради тоа што страдањето е ментален феномен, а спиритуалните практики се начин да се трансформира умот – Со спиритуалноста сте на прав пат во потрагата по подобар живот. Од тука се раѓа потребата да се бара среќата и мирот ВО СЕБЕ.  

Просветлување – Потребата да се почувствува врвниот, најголем, најдлабок мир и слобода. Да се победи егото, да се сплотите со универзумот. Целосна промена на нашата перцепција кон светот и животот.

Истражување/Мистерија – Нуркање во својата свеснот и потрага по други аспекти на реалноста е нешто што зборува за нашата жед за знаење, искуства и авантура. Учење за мистериите на животот и природата, истражување на светот и живеење со чувство за чуда.

Служење – Потребата да се служи на луѓето во подлабоко ниво, да се направи голема промена во нивниот живот, помагање да се обогати човештвото.images (1)

Сите овие покажуваат една работа – Дека материјалното не ни е доволно, трагаме по нешто повеќе.

Кажете ми – Дали се сметате себеси за Спиритуално дете? И што ве води?