spirituality-attitude-e1410274614280Како помала, ја прашав мајка ми дали верува во Господ. Таа ми одговори – Не, но верувам во виша сила. Не продолжив да прашувам. Како растев, религиски гледано се нарекував себеси агностик – Верувам во нешто, но не му давам име. Од тогаш до денес можам да кажам дека имам направено поголем пат од што мислев. Зошто? Зошто денес би рекла – Не верувам во Господ – не сум верник, не сум ниту атеист. Јас сум спиритуално дете – Верувам во енергија, верувам во универзум..

Што е спиритуалноста/духовноста? Налетав на една статија – интервју со јоги и мистик  каде тој одговара на ова прашање. Еве го линкот – http://isha.sadhguru.org/blog/yoga-meditation/demystifying-yoga/what-is-spirituality/ а јас ќе ви го преведам во продолжеток.

Спиритуалност – не е ниту една одредена пракса. Тоа е посебен начин на постоење. Долг е патот да се стигне до таму. Како да имаш градина во дворот. Ако земјата, сончевата светлина, влажноста на растението не какви што му се потребни на растението – тоа нема да расте. Мора да се потрудиш. Затоа ако се посветиш на твоето тело, ум, емоции и енергии со одредено ниво на зрелост, нешто друго ќе се разбуди во тебе – тоа е спиритуалноста. Кога образложението ти е незрело, се сомневаш во се. Кога созреваш, ги гледаш работите во друго светло.tumblr_nbe9cbXSAB1ttzaedo1_500

Кога човекот ќе доживее нешто поголемо од него самиот, традиционалниот начин на размислување е “ова е Бог”.. Целата идеа на Бог е таа – нешто поголемо од тебе. Може да биде човечко суштество, или искуство или некој аспект од природата. Но дали е спиритуално? Не, тоа е само живот. Кога велам “само живот” не се обидувам да го отфрлам како мала работа. Тоа е најубавото нешто. Но кога животот станува големо, моќно, блажено искуство за Вас, се прашувате што може да го има креирано.

Ако сакате да го дознаете процесот или изворот на креација, најинтимниот дел од креацијата за Вас е Вашето тело, зар не? Во него е заробен креатор. Немојте да го пропуштите. Ако не го пропуштите и го пронајдете изворот на креација во Вас – Вие сте спиритуални.”

Тоа е она што мислам дека треба најпрво да го разбереме – Ние сме креатори на нашата судбина, на сите големи и блажени искуства. Најдете го креаторот во Вас самите, најдете ја енергијата за се во Вас самите. Уредете ја Вашата градина, не им дозволувајте на цвеќињата да се исушат – ОД ВАС ЗАВИСИ! Има и една стара, мислам дека индијанска поговорка која вели – Во секој од нас има добар и лош волк. Кој ќе излезе на површина? Оној кој ќе го храниме. – Важи буквално за се! Нека биде тажен и среќен волк.. Поентата е таа.

Одиме понатака..

Дали вербата во Господ не прави спиритуални?

Атеист неможе да биде спиритуален. Но мора да разберете дека ни верник неможе да е спиритуален. Зошто атеистот и верникот не се многу различни. Едниот верува дека постои Господ, другиот верува дека не постои. Обајцата веруваат во нешто што не знаат. Но не се доволно искрени да признаат дека незнаат, тоа е проблемот. Значи атеистите и верниците не се различни. Оној кој трага по спиритуалното не е ниту атеист, ниту верник. Тој сватил дека незнае, затоа и трага.images

Кога верувате во нешто, станувате слепи за се друго. Целиот конфликт на планетата не е поради доброто и злото како што сакаат да го претставаат. Туку е верувањата на еден човек, против верувањата на друг човек. Потребата да се верува е повеќе психолошка одколку спиритуална. Сакате да се држите за нешто, да се чувствувате сигурно, да се чувствувате како да знаете се. Ова доаѓа од незрели умови. Кој е проблемот ако не знаете ништо за ова постоење. Всушност и незнаете ништо. И прекрасно е. И затоа обидете се да најдете како да се чувствувате убаво и задоволно со себе, ВО себе, тоа е во ваши раце.

Јас енергијата ја чувствувам, струи во мене, ме сплотува со универзумот – И да, ПРЕУБАВО Е! Потрагата по спиритуалноста – патот на човекот кој трага затоа што незнае, не е комфорна зона – далеку од комфорна зона е – Но води до самоосознавање, кое ни ги дава сите одговори, на сите прашања – Ќе ви шепнам – Во нас самите се кријат.

(Продолжува..)